ЕУРО 2016: Унгарија славеше победа над Австрија

ЕУРО 2016: Унгарија славеше победа над Австрија
ЕУРО 2016: Унгарија славеше победа над Австрија
Во првиот натпревар од групата Ф, на Европското фудбалско првенство што се одржува во Франција, репрезентацијата на Унгарија ја победи Австрија со 2:0.

На средбата која се играшe во Бордо, иако во првиот дел Австријците беа по конкретсни, сепак во второто полувреме, Унгарците преку два брзи контра напади постигнаа голови.

Најнапред, Адам Салај со погодокот во 63-минута им донесе предност од 1:0. Само три минути подоцна, Авсртија остана со играч помалку откако откако Александер Драговиќ заработи втор жолт картон, па предвреме го заврши натпреварот. Тоа го искористи Унгарија, па преку Золтан Штибер во 87-минута стигна до вториот гол за конечни 2:0, пишува МИА.

Во вториот натпревар од оваа група, со кој ќе биде комплетирано првото коло на шампионатот, вечерва од 21 часот во Сент Етијен ќе играат Португалија и дебитантот Исланд.