Ева Лонгорија конечно задоволна: Повеќе не ми требаат млади мажи

По разводот со кошаркарот Тони Паркер, познатата актерка често можеше да се забележи во друштво на помлади момчиња.

Меѓу разводот со 31-годишниот Тони, седум години постарата Лонгорија својата „колекција“ ја потполни со млади момци меѓу кои се 27-годишниот Марко Санчез, една година постариот Едуардо Круз и 34-годишниот Ернесто Аргулео.

„Сакав на себе, а и на својот поранешен маж да докажам дека можам да го имам секое момче кое ќе го посакам. Помладите од мене ми беа најголем предизвик“; рекла Ева, која сега е во врска со седум години постариот милионер Антонио Бастон.