Ева Лонгорија се сврши по третпат

Ева Лонгорија се сврши по третпат
Ева Лонгорија се сврши по третпат

Холивудската ѕвезда на серијата „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија (40) во Дубаи се сврши со својот избраник Хозе Антонио Бастон.

Заводливата актерката на својот профил на Инстаграм вчера објави фотографија на која се бакнува со својот свршеник и го покажа луксузниот свршенички прстен.

Eva Longorija(1)

Ова е трет брак за актерката, која претходно беше мажена со кошаркарот Тони Паркер, а пред него беше во брак со актерот Тајлер Кристофер.

Хозе Антонио Бастон е претседател на латиноамериканската медиумска компанија „Телевиса“. Двојката е во врска веќе две години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.