Наредба за евакуација: Ако попушти оваа брана една третина од Ирак ќе биде под вода

Ако оваа брана попушти една третина од Ирак ќе биде под вода. Ирачките власти и САД издадоа предупредувања дека постои можност за попуштање на браната  што се наоѓа во непосредна близина на градот Мосул.

Амбасадата на САД ги предупреди лицата што живеат во близина на реката Тигар да се евакуираат, а ирачката влада издаде наредба жителите на Мосул да се евакуираат од реката, пишува британски „Гардијан“.

Ако пукне браната кај Мосул би била вистинска катастрофа за најмалку 1, 5 милиони луѓе предупредуваат американските власти. Брановите веројатно би убиле стотици илјади луѓе за само неколку часа, а една третина од Ирак би можела да заврши под вода со длабочина од 13 метри. Тоа би можело да трае со недели, слично како што се случи во Њу Орлеанс по ураганот Катрина.

Владата во Ирак не би била во можност да спроведе евакуација затоа што Исламската држава контролира голем дел од областа околу браната па луѓето би морале да се снаоѓаат сами.

Браната на реката Тигар е изградена во 1984-тата година и е најголемата брана во светот. Доколку пукне би го поплавила Багдад што се наоѓа 400 километри јужно.

Наредба за евакуација: Ако попушти оваа брана една третина од Ирак ќе биде под вода
Наредба за евакуација: Ако попушти оваа брана една третина од Ирак ќе биде под вода

Премиерот на Ирак Хајдар ал Абади даде изјава во недела во која ги повика жителите на Мосул, вториот по големина град во Ирак да се држат најмалку 6 километри од реката, иако градот се наоѓа на 25 километри јужно од браната.

Опасност од поплавување постои и за градовите Тикрит, Самара и Багдад.

Браната која е најголема во Ирак има структурни проблеми. Како што наведува „Гардијан“ режимот на Садам Хусеин направи притисок да продолжи да се гради истата и покрај предупредувањата на геолозите кои тврдеа дека почвата под неа е мошне неиздржлива и слаба, во главно од водопропустиви карпи, односно варовник.

Според извештајот на Ирачките и Шведските геолози ова е „најопасната брана во светот“ , а според нив , самата изграба е вистинска „мистерија“  ако се земе во предвид геологијата.

Наредба за евакуација: Ако попушти оваа брана една третина од Ирак ќе биде под вода
Наредба за евакуација: Ако попушти оваа брана една третина од Ирак ќе биде под вода

По цела деценија војни и нестабилности браната е мошне запуштена а се наоѓа на нестабилно сеизмички активно подрачје, што во секој миг може да биде погодено од земјотрес.

Ирачката влада се обиде да ги наговори странските компании со коишто има договор за одржување на браната да се погрижат за браната, но поради војната и ИД тоа никој не сака да го направи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.