Евакуација на 90.000 лица во Јапонија поради поплави и свлечишта

Судбината на една жена е непозната, а над 90 илјади лица добија наредба да се евакуираат денеска поради поплави и свлечишта во источна Јапонија, јави ДПА.

Жената исчезнала во регионот на градот Канума, на сто километри северно од Токио, каде пројниот дожд предизвика свлечиште.

Во градот Нико, на 140 километри северно од Токио, паднале 400 милиметри дожд од понеделникот. Според метеоролозите толкава количина не е забележана во Јапонија со децении.

Јапонија вчера беше погодена од 18. тајфун оваа сезона

Централниот дел на Јапонија вчера беше погоден од тајфун проследен со поројни дождови и силни ветрови.

Јапонските медиуми јавуваат дека е нарушено нормалното одвивање на сообраќајот, како и дека се предизвикани поплави и свлечишта.

tajfunПоради бурите беа укинати десетици летови и возови, а над регионот на Токио се регистрирани поројни дождови.

Метеоролошките служби предупредија за опасност од лизгање на земјиште, високи бранови и излевање на реки во источниот и централниот дел на Јапонија.

Во девет часот изутрината по локално време 18. тајфун во оваа сезона беше на околу 40 километри од градот Тојохаши и се движеше кон север со брзина од 30 километри на час. Тојохаши се наоѓа на крајбрежјето и на околу 280 километри западно од Токио.