понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 60

Евакуација на Дизелдорф поради бомба од Втората светска војна

Околу осум илјади жители на зоната покрај аеродромот во Дизелдорф, вклучувајќи и 250 гости на аеродромскиот хотел добија изутринава наредба за евакуација поради деактивирање на американска бомба, тешка 500 килограми, откриена за време на Втората светска војна, пишува весникот „Рајнише пост“.

133601756

Поврзани вести

Бомбата беше откриена од градежни работници. Евакуирани ќе бидат жителите во радиус од еден километар од местото, на кое е пронајдена бомбата.

За време на активностите за деактивирање регионот ќе биде затворен за движење.

Најчитани вести