недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 25

Евакуација на турската граница, се подготвува офанзива

ofanziva-turcija

Последни вести

Турција наложи евакуација на жителите на Каркамиш, град на границата со Сирија, близу Џарабулус кој е под контрола на Исламската држава, јави Си­Ен­Ен Турк.

Полицијата преку мегафони ги предупредила граѓаните да се евакуираат „од безбедносни причини“ од градот Каракамиш, на кој биле истрелани две минофрлачки гранати од територијата на Сирија, пренесе АФП.

Медиумите исто така пренесоа дека сириските бунтовници кои ги поддржува Анкара се подготвуваат за голема офанзива за да го повратат Џарабулус од рацете на џихадистите. Истовремено, денеска во Анкара турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Турција ќе пружи секаков вид поддршка на операциите против џихадистите на Исламската држава од Сирија и Ирак, вклучувајќи и можна офанзива на Џарабулус кој е под контрола на ИД.

Чавушоглу не прецизираше каква ќе биде планираната турска поддршка, наведува АП.

Најчитани вести