Евакуација во Бафало поради можни поплави

Жители на околината на Бафало погодени од обилните снежни врнежи минатата недела, се подготвуваат денеска за евакуација бидејќи се очекува темтературата на воздухот да се искачи до 16 степен Целзиусов, јавува МИА.

Националната метеоролошка служба на САД соопшти за можни поплави денеска. Силни ветрови може да предизвикаат пад на системот за снабдување со електрична енергија. Прогнозите се за поројни врнежи од дожд денеска и дожд и снег утре.

Гувернерот на државата Њујорк ги предупреди жителите на Бафало да бидат подготвени за евентуална брза евакуација. Веќе се подготвени евакуациски планови и центри за сместување во случај на поплави.