Евакуација во индиската држава Андра Прадеш поради циклон

Најмалку 100 илјади лица се евакуирани од крајбрежниот појас на Бенгалскиот залив, во индиската држава Андра Прадеш, пред очекуваниот налет на циклонот Нудхуд, кој ќе ја погоди оваа област утре изутрина.

Индиската метеоролошка служба ИМД го оценува Худхуд како силно циклонско невреме кое би можело да ја погоди областа сп 165 км/ч и да донесе силен дожд.

Освен оние кои до сега се евакуирани, во план е и евакуација на уште 200 илјади лица во Андра Прадеш.