петок, 17 февруари 2017  |  Вести денес: 64

Евакуација во метро во Истанбул – забележан осомничениот за нападот во ноќниот клуб „Реина“

Според весникот, станува збор за станицата на метрото во истанбулскиот кварт Багџалар. Полицијата ја пребарува станицата.

istanbul-reina-640x294

Последни вести

Во станица на метрото во Истанбул дошло до евакуација на патниците заради добиен сигнал од полицијата дека во неа е забележан осомничениот за нападот од новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Реина“, пренесе ТАСС, повикувајќи се на весникот „Јени шафак“.

Според весникот, станува збор за станицата на метрото во истанбулскиот кварт Багџалар. Полицијата ја пребарува станицата.

Во новогодишната ноќ, 1 јануари, непознат напаѓач отвори оган во ноќниот клуб „Реина“ во истанблускиот кварт Ортакој,  убивајќи 39 лица, вклучувајќи и 16 странци, а приближно 70 лица беа ранети.

Меѓу жртвите имаше државјани на Саудиска Арабија, Мароко, Јордан, Либан, Либија, Израел, како и една руска државјанка.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Весникот „ Дејли сабах“ на 7 јануари јави дека турската полиција го утврдила идентитетот на осомничениот. Според весникот, напаѓачот е Узбекот Абдулгадир Машарипов, познат исто така и како  Абу Мухамед Хорасани.

Најчитани вести