Евакуиран аеродромот во Тулуз

Аеродромот Благнак во Тулуз во Јужна Франција е евакуиран поради безбедносни причини. Овие информации се појавија на социјалните мрежи, а се нагласува дека дури и патниците што веќе се качиле во авионите, морало да се симнат, пренесува „Раша Тудеј“.

Аеродромот наводно бил затворен во 6.45 часот по локално време. Подоцнежните известувања на Твитер велат дека евакуацијата е завршена и дека луѓето се враќаат назад во зградата на аеродромот.

Аеродромот подоцна објави дека нивните терминали биле повторно отворени и дека „воздушниот сообраќај повторно се воспоставува“.

Полициските и воените патроли во моментов се распоредени во аеродромот.

Медиумите информираат дека аеродромот бил евакуиран од безбедносни причини, но дека не се работи за сомнителен пакет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.