недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Евакуиран шопинг центар во Бремен, уапсен 19 годишен Алжирец

trgovski - bremen - evakuiran

Последни вести

Германската федерална полиција уапси 19-годишен алжирски бегалец, кој избегал од психијатриска клиника и кој при апсењето извикувал „Ќе ве кренам во воздух“.

Мажот е уапсен на бременската централна автобуска станица, по неколку часовната потрага, која следеше по евакуацијата на трговскиот центар во Бремен, соопшти полицијата во соседната провинција Долна Саксонија, која учествуше во потрагата.

Нема докази дека Алжирецот планирал некаков напад или дека е поврзан со исламистички групации и покрај тоа што изразувал симпатии кон Исламска држава и кон напаѓачот од минхенскиот мол, кога бил приведен за кражби и сослушан во полицијата минатиот викенд.

Властите го евакуираа трговскиот центар во Бремен, кој се наоѓа на околу 40 километри од психијатарската клинија, откако посетителите на молот забележале сомнителен маж, за кого помислиле дека е избеганиот пациент.

Најчитани вести