Евакуирана е зградата на Владата во Киев

Државните службеници се евакуирани од главната зграда на украинската Влада, што се наоѓа во близина на местото на судирите на плоштадот „Независност“ во Киев, пренесе „АФП“.

Портпаролот на кабинетот изјавил дека сите вработени се изведени од зградата поради напнатата ситуација.

Најмалку 17 демонстранти загинаа во невремето против силите за безбедност на плоштадот.