Eвакуирани 308 луѓе од Јемен

Руски воен брод евакуирал 308 луѓе од Јемен, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесе МИА.

Претставникот на Министерството, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека „околу 308 лица биле евакуирани од јеменскиот брег“.

Тој нагласи дека биле евакуирани државјани од 19 земји од зоната на судирите во близина на Адена, пристаништен град во јужниот дел на Јемен.

Евакуирани биле државјани на Русија, САД, Велика Британија, Бугарија, Естонија, Украина, Белорусија, Туркменистан, Узбекистан, Азербејџан, Бахреин, Џибути, Јемен, Сомалија, Палестинската автономна управа, Јордан, Куба, Египет и Саудиска Арабија.