Евакуирани девет училишта поради закани од бомби во Њу Џерси

Евакуирани девет училишта поради закани од бомби во Њу Џерси
Евакуирани девет училишта поради закани од бомби во Њу Џерси

Девет средни училишта во американската сојузна држава Њу Џерси се евакуирани или затворени по заканувачките повици или дојави за поставени бомби.

Непознат маж во телефонски повик тврдел дека во училиштата, кои се наоѓаат во окрузите Берџен и Пасаик, има поставено бомби.

– Засега ништо не укажува за веродостојност на заканите, се наведува во соопштението на полицијата во Клифтон.

Преземени се сите мерки за претпазливост со цел да се гарантира безбедноста, а за резултатите од истрагата јавноста ќе биде дополнително информирана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.