Евакуирани две илјади луѓе во Хонг Конг поради бомба од Втората светска војна

Најмалку две илјади луѓе се евакуирани, а улиците се затворени бидејќи денеска во централниот дел на Хонг Конг, на едно градилиште е пронајдена бомба од Втората светска војна, тешка еден тон.

Огромна бомба која и припаѓала на американската морнарица, ја пронашле работниците кои работеле во градежната област „Среќна долина“ каде што се наоѓа прочуениот хонгконшки хиподром.

Според информациите на полицијата ќе бидат потребни неколку часа да го отстранат експлозивот од куќиштето на бомбмта.