Евакуирани неколку терминали на аеродромот во Франкфурт

Поради безбедносна закана, неколку терминали на Меѓународниот аеродром во Франкфурт биле евакуирани од страна на полицијата, јавува „Раша Тудеј“ , повикувајќи се на „Билд“.

Според весникот на разгласот во аеродромот била соопштена пораката: Сите патници на авионот се замолуваат да ја напуштат зградата. Нивоата 1 и 2 од терминалот да бидат евакуирани!

Наводно во обезбедената зона бил забележан сомнителен патник.

-Патник ја избегна проверката во делот за контрола на авио-безбедноста, напиша на Твитер Аеродромот во Франкфурт.