Евакуирани трите лица од струшко

Трите лица кои три дена беа завеани во струшкото село Ржанов се евакуирани со помош на хеликоптерската единица на МВР, објавува Курир.

Според информациите до кои дојде Курир, евакуирани биле 15-годишно момче, неговиот татко и уште еден возрасен човек кои во селото заминале на викенд.