Евакуирано кралското семејство во Белгија?

Кралското семејство во Белгија е евакуирано, јавува Си Ен Ен. Евакуацијата на кралското семејство следи откако претходно бил пронајден сомнителен куфер на само неколку метри од палатата.

Белгиските медиуми јавуваат дека улицата пред Кралската палата во моментов е евакуирана и дека е забележително силно присуство на полицијата.

Оттаму го пренесуваат соопштението од кралското семејство во Белгија.

Кралот Филип и кралицата Матилда се „шокирани од настаните од утрово на аеродромот во Брисел и во метрото“, рече портпаролот на палатата и најави дека програмата на кралската двојка во следните денови ќе биде прилагодена на настаните.

Кралот од утрово е во близок контакт со владата и соодветните институции. Палатата не e евакуирана, изјави портпаролот во одговор на прашање што се однесуваше на моменталната ситуација во Кралската палата.