Еве каде е забрането „селфи“ фотографирањето

Сите сакаме да патуваме, секако. А ако одиме некаде, редно е и да им покажеме на пријателите каде сме биле, па да фотографираме некоја „селфи“ фотографија и да ја објавиме на социјалните мрежи. Но, во одредени светски дестинации од неодамна е забрането да се фотографирате на овој начин. Прочитајте каде и зошто.

Во одредени туристички места стапија нови закони кои го забрануваат селфи фотографирањето, затоа што сборед нив тоа е „симбол на нарцисоидност“.

Директорката на „Контики холидејз“ Катарина Бери, вели дека ваквиот начин фотографирање ќе биде забрането „поради безбедноста и почитта кон другите, но и поради обичаите во различните земји, „селфи“ на сите места во Хо Ши Мин, сигурно нема да му се допадне на локалното население.“

Таканаречениот „селфи стап“ засега е забранет на некои раздвижени дестинации во Лондон, поради стравот дека личноста со стапот би можела да ги повреди другите посетители или да им го попречи погледот на знаменитостите. Исто така, на влезот во Вембли арената, О2 арената и Брикстон академијата ќе биде забранет за сите што ќе дојдат со „тој навредлив стап“.

selfi_stap

Тоа е забрането и во Северна Кореја, освен доколку не поседувате лиценциран селфи стап кој не ја попречува работата на другите електронски уреди. Лицата што ќе внесат вакви стапови во Јужна Кореја треба да платат казна од 26 680 евра или да се соочат со затворска казна во максимално траење од три години.

Една плажа во јужна Франција воведе забрана за фотографирање „селфи“ поради тоа што на тој начин се „уништува искуството на посетителите кои сакаат да уживаат во недопрената природа“. Верувале или не, на оваа плажа патролираат и полицајци чија надлежност е да водат грижа некој да не го прекрши овој закон.

Голем број туристи кои што го посетуваат езерото Тахо во Калифорнија сакаат да се фотографираат со мечките. Поради загриженоста на недлежните за овој тренд, воведена е забрана од безбедносни причини.

Во Хаџ во Мек, надлежните се загрижени поради трендот на фотографирање на аџиите и светите места, па воспоставија забрана за оваа практика, поради тоа што се „противи на исламските принципи“.

Поради безбедносни причини забрането е фотографирање „селфи“ и за време на познатата улична трка со бикови во Шпанија.Минатата година, едно лице беше казнето со 4 000 евра поради селфи фотографијата која беше прогласена за најопасно селфи на сите времиња.

Во Њујорк е забрането фотографирањето на селфи со опасни животни, поради што на социјалните мрежи се попопуларен е трендот на фотографирање селфи со тигри. Според донесените одлуки, оние што ќе го прекршат овој закон ќе бидат казнети парично, од 5 000 до 1 000 долари.

Фотографирањето селфи сега е забрането и на Аустралиан опен, поради стравот дека стаповите за селфи би можеле да пречат на концентрацијата на играчите, но и да го попречат погледот на другите посетители. Во секој случај направени се „селфи зони“ во близина, за оние вистински зависници кои што не можат, а да не „сликнат“.