Еве каде ќе нема вода во понеделник

Жителите  на Ченто, Сингелиќ, Инџиково и Стајковци во понеделник ќе останат без вода.

По известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека  на   13.06.2016 г. (понеделник), поради реконструкција на водоводна мрежа ф 400 мм на ул. Маџари раскрсница со ул. Методија Андонов Ченто, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од нас. Ченто, с. Синѓелиќ, с. Инџиково, с. Стајковци и нас. Економија од 21:00 часот до завршување на активностите. (општина Гази Баба)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.