Еве каде ќе бидат истурените пунктови за „Фискална во рака- награда без мака“

Истурените пунктови низ Македонија за наградната игра „ Фискална во рака – награди без мака“ стартуваат од утре, најавуваат од Министерството за финансии.

Симболично отпочнува одбројувањето до новото извлекување на наградната игра кое ќе биде на 24-ти февруари 2014 год. Пунктовите на Државна лотарија на Македонија, каде граѓаните ќе можат да ги оставаат ковертите со фискални сметки за учество, ќе се движат по градовите во насока на стрелките на часовникот. Граѓаните ќе можат од 10:00 до 16:00 часот да го достават своите пликоа во сандачињата за наградната игра пред продажните места на Државна Лотарија според следниот распоред:

Вторник- 11-ти февруари, Велес (продажно место ЛОТО77)

Среда- 12-ти февруари, Штип (продажно место ТУТУН ПРОМ)

Четврток-13-ти февруари, Кочани (продажно место АНАФИЛ)

Петок- 14-ти февруари Струмица (продажно место ВАТКОС)

Сабота- 15-ти февруари Гевгелија (продажно место  МОНТЕ МК)

Недела- 16-ти февруари Кавадарци  (продажно место СИГМА)

Понеделник- 17-ти февруари Прилеп (продажно место ТОБАКО ПЛУС)

Вторник-18- ти февруари Битола (продажно место ВАГАБОНД)

Среда-19-ти февруари Охрид (продажно место ПРАГМА)

Четврток – 20-ти февруари Струга (продажно место КИКИ ТВИНС)

Петок- 21-ви февруари Кичево (продажно место АНДРОКО)

Сабота- 22-ри февруари Гостивар  (продажно место ЈОТОН)

Недела- 23-ти февруари Тетово (продажно место БАРТОН)

Во Скопје пак, секој ден ќе функционираат три истурени пунктови на Наградната игра и тоа на улица „Македонија“ пред Толлакс – продажно место на Државна Лотарија, во „Техномаркет“ – Сити Галери и во зградата на МРТВ.

Главна награда на извлекувањето на 24-ти февруари ќе биде Сеат Ибица, а ќе бидат доделени и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари.

Правилата за учество се едноставни – 20 фискални сметки со датум од 15-ти ноември наваму да се стават во стандарден бел коверт и да се испратат до Државна Лотарија на Македонија со назнака за „Фискална во рака – награди без мака“.

Граѓаните на овој начин можат лесно да дојдат до вредни награди, но истовремено помагаат во изградба на патишта, училишта, болници и други капитални проекти во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.