Македонија

Еве каде ќе нема струја утре

Во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе останат корисниците од повеќе скопски општини.

Како што информираат од РЦУК утре во време од 08.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 157, ул. 148,  ул.„ Аврам Писевски“ и ул. „Бајрам Шабани“ во општина Гази Баба.

Во време од 08:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Ѓорѓи Капчев“, ул. „Лисец“, и ул.„ Богомилски Поход„ во општина Аеродром  и корисниците од Кеј 13 -ти Ноември, катна гаража на АДИССПДП, поради реконструкција на мост Гоце Делчев во општина Центар.

Во време од 09:00 до 11:00 часот корисниците од село Држилово, и село Патишка Река, како и корисниците од викенд населбата во село Држилово  во општина Сопиште.

Во време од 09:00 до 15:00 часот корисниците од село Студеничани -улиците со броеви 4, 3, 2, и 1  во општина Студеничани.