Еве каде ќе нема струја утре

Во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе останат корисниците од повеќе скопски општини.

РЦУК повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија инфромира за тоа во кој периодот од денот кои коринсици ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија.

– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од пат за село Долно Лисиче, дел од стопанските и нестопанските објекти во реонот меѓу Долно и Горно Лисиче (општина Аеродром);

– во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од улица Илија Димовски – Гоче (општина Аеродром);

– во периодот од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од улиците: „Иван Хаџи Николов“, „Иван Мештровиќ“ и „Киро Фетак“ ( општина Кисела Вода  ), како и корисниците од улиците: „Тодор Ципровски Мерџан“, „Александар Мартулков“ и „Крсте Гермов Шакар“ (општина Ѓорче Петров);

– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од Качанички Пат, ќе имаат повремени исклучувања ( општина Бутел );

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубош  (општина Студеничани).