Еве каде ќе нема струја утре

Жителите од повеќе скопски општини во текот на утрешниот ден ќе останат без електрична енергија.

– Во периодот од 09:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од населено место Голиево во општина Ѓорче Петров.

– Во периодот од 08:30 до 14:30 часот корисниците од ул. Стојна Стефкова, ул. Дижонска, ул. Коста Абрашевиќ и ул. Серава во општина Чаир.

– Во време од 09:00 до 15:30 часот корисниците од улиците: Вашингтонска, Индира Ганди и Виетнамска во општина Шуто Оризари и во време од 08:30 до 14:30 часот корисниците од селата: Сопиште, Патишка Река, Јаболци, Нова Брезница, (општина Сопиште),  Осинчани, Елово, и дом Јасен. ( општина Студеничани)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.