Еве каде ќе нема струја утре

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните  дека заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат жителите од повеќе скопски населби.

– во време од 08:00 – 15:00 часот,  дел од село Сопиште – улици 1, 15, 17 и 22 (општина Сопшиште);

– во време од 10.00 – 14.00 чсот ул.„ Стогово“ (општина Карпош);

– од 08.30 – 12.00 часот село Кадино (општина Илинден);

– од 08.30 – 14.30 часот Агино Село, ул. Ордан Чопла и улици 145 и 147 (општина Гази баба) и

– од 09.00 – 14.00 часот дел од ул. Копачка (општина Карпош).