Еве каде ќе нема вода утре

Поради уличен дефект со профил ф-400мм на Бул. „Србија“ раскрсница со Бул.„ Борис Трајковски“, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на висока зона од Аеродром и Ново Лисиче од 02:00 часот (наутро)  до завршување на дефектот.

Прекин во водоснабдувањете ќе имаат корисниците ул. „Рузвелтова“ на потегот од Бул. Партизански одреди до ул. Орце Николов, поради изведување на водоводен приклучок со профил од  ф-100мм на истата улица. Прекинот ќе биде од 09:30 часот  до завршување на приклучокот.