Еве каде врнеше најмногу низ Македонија

Поголеми количества врнежи имало и во Скопје, кај Зајчев Рид 37 литри, десет во Крива Паланка и пет во Виница.

Помали количества, четири литри на метар квадратен имало во Демир Капија и Пожаране, два во Тетово и еден во Берово.

Како што соопшти УХМР, како појави забележани се поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а во штипско и кавадаречко имало и појава на град.

Времето и утре во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локално невреме со појава на град и засилен ветер. И во четврток ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.