Магазин

Еве каде живеат најубавите жени на светот

Еве каде живеат најубавите жени на светот

Ширум планетава има голем број земји каде живеат преубави жени. Сепак, во некои краишта дамите навистина се истакнуваат по единствените карактеристики како висината, бојата на коса или тенот. Оваа листа опфаќа 10 земји каде живеат најубавите жени во светот.

Оваа листа не говори дека жените од другите делови не се убави, туку се фокусира на земјите во кои бројот на убави жени е над просекот. Сигурно ќе се изненадите за некои од државите на оваа листа.

Со идеална комбинација на преубаво тело и маслинеста боја на тенот Италијанките се наоѓаат на последното место на оваа листа. Повеќето Италијанки се високи, имаат темна коса и зелени очи. Нивното извајано тело е причина зошто светот е преполн со преубави италијански актерки. Тие ја следат модата и се свесни за својот изглед.

На деветото место се наоѓаат Украинките, кои спаѓаат во категоријата наубави и најсекси жени во светот. Сините очи, витките тела и природната убавина прави тие да се најдат на оваа листа.

Жените во Аргентина исто така ги следат трендовите, што многу се одразува на нивниот изглед. Познати се по тоа што се грижат за изгледот на својата кожа и коса. Тие се наоѓаат на осмото место на оваа листа.

Познати по својата енергија, Французинките спаѓаат меѓу најживите жени. Тие се романтични и софистицирани, што значи дека Французинка нема да падне на детски шарм. Тие бараат интелигенција, софистицираност и елеганција од својот партнер.

На шесто место на оваа листа се наоѓаат Србинките. Како неверојатен резултат на совршената комбинација на словенските и медитеранските гени, Србинките со своето тело ги оставаат мажите без текст. Пропорциите на телата им се речиси совршени – совршено заоблени колкови, долги нозе, стегнати гради.

Тие се познати по висината, русата коса и сините очи. Мажите ги сметаат за едни од најатрактивните жени на светот. Исто така се сметаат за најверни брачни партнерки, а тоа е така поради моногамната природа на воспитувањето. Сите кои виделе Швеѓанка знаат дека на тој заводнички поглед е тешко да се одолее.

Егзотичната привлечност и елеганција која ги следи Индијките е само една од причините зошто се истакнуваат по својата убавина. Жените во Индија се во состојба да го натераат секој маж да клекне пред нив. Нивната сјајна црна коса, темен тен и нежната личност само дополнително ја красат убавината.

Венецуела може да се пофали со голем број титули за Мис на светот. Венецуелките изгледаат заводливо и толку се убави што нивната држава има закон кој ја штити нивната убавина. Звучи неверојатно, зар не?

Препознатливи по својата висина, неверојатната боја на кожа, бела како снег и телото со кое никого не оставаат рамнодушен, Русинките се сметаат за кралици на убавината на Источниот блок.

На првото место на оваа листа се најде Бразил, земја со природна убавина и преубави жени со исклучително згодни тела. Поголемиот дел од Бразилките имаат темен тен и смеѓи очи, а понекогаш може да ве изненади и некоја русокоса.