Еве како да ги смирите стомачните болки

Чај од камилица

Едноставно направете си една шолја чај од камилица.

Покрај тоа што дава чувство на опуштеност на мускулатурата, помага и при воспаленија на внатрешните органи.

Ѓубир

Својствата што ги има ѓумбирот се делотворни доколку се соочувате со вртоглавици, но и болки во стомакот.

Исечете мало парче ѓумбир и оставете го да отстои во зовриена вода.

Доколку немате свеж ѓумбир, ставете половина кафена лажичка сув во зовриена вода.

Оризова вода

Болките во стомакот не придонесуваат за апетитот, но затоа тука е варениот ориз, но и водата во која тој е сварен.

Неверојатно делотворна, оризовата вода се препорачува за ублажување на стомачните болки и грчеви.

Заблажете со мед или шеќер по вкус.

Чај од нане

Постапете исто како со ѓумбирот, чај од свежо нане би било одлично, но и нането од ќесичка не е значително помалку делотворно.

Доколку имате свежо нане, ставете неколку ливчиња во зовриена вода, во спротивно една ќесична суво нане ќе ја одигра улогата на ублажувач на стомачните болки.

Прегорен тост

Овојпат не грижете се дали ќе го изгорите тостот што го приготвувате. Едноставно, оставете го да прегори, па конзумирајте го.

Во оваа форма, тостот е особено делотворен поради тоа што јагленот ја собира непотребната количина на киселини во стомакот што ги предизвикуваат стомачните болки.

Но, изедете го прегорениот тост без намази, џемови и сл., во спотивно ќе придонесете за уште поголеми болки.

Јогурт

Пијте јогурт, затоа што бактериите што јогуртот ги содржи имаат пробиотско дејство, а тоа значи дека прават баланс во стомакот, ублажувајќи ги болките.