Еве како да го „вртите секој маж околу прстот“…

Често може да ја слушнете реченицата: „Таа е опасна, знае да го задржи мажот и да го врзе за себе“. На основа на стекнатото искуство некои „намачкани“ девојки знаат како треба да се однесуваат за да го задржат својот сакан или потребен маж.

Иако оваа тематика е комплексна и бара да во одредени околности и спонтано да развиете манипулативниспособности, може да почнете од помали чекои, на пример да ги избегнувате следниве три грешки поради кои мажот најверојатно ќе избега, па дури и да сте најдобра девојка во срцето.

Многу го чувате и пазите, па се чувствува загрозеноrelationships

Дали чесо му се јавувате и му се обраќате со заљубен тон? Дали сакате повеќе љубов, внимание и секс од тоа што ви пружа, па со сета сила се обидувате да го придобиете само за себе, секој ден, по цел ден?

Доколку се пронаоѓате во некои од овие прашања многу е можно дека тој ќе се чувствува дека е во врска под притиссок. Битно е да знаеш дека реално тоа не е твоја вина.

Проблемот е во рецепиентот. Тој е непромислен и го плаши помислата на вистинска и сериозна врска, па создава поволна атмосфера во својата глава, за полесно себе си да си прости што ќе избег од тебе. Повеќето мажи бегаат од емотивниот притисок како да е во пашање борба за гол живот. Тоа влијае на нивното сфаќање на машкоста.

Вашата врска изгледа како борба за превласт

Ако тој мора постојано да се бори со жената за „контрола“ во врската, тој ќе се замори и ќе почне да симисли дека си му некој ривал, а тоа многу брзо ќе се одрази и на вашиот сексуален живот. Ова во врската е многу честа појава, особено ако и двајцата се алфа примероци и сакате да биде по ваше.

Ова не значи дека мажот треба да ја контролира целата врска, ниту пак дека жената треба да се однесува како некоја јадница која се согласува на се’, но исто така не теба да се поставува како авторитет или газда, бидејќи тоа во главата на просечен маж може потсвесно да евоцира сеќавања на некој женски авторитет од детството, не дај боже,  на мајка. Што ќе ви е во животот таков пекол?

Не чувствува дека го почитувате и поддржувате?

Никогаш нема да можете да изградите сериозна врска со маж кој мисли дека не го почитувате. Икао можеби искрено не обрнувате внимание за тоа као тој се чувствува, за добро да го контролирате, тој мора да си мисли дека е нешто важен и ценет. Малку традиционално однесување во модерна интерпретација не е ништо на одмет. Во овој пристап помага ако тој се чувствува дека му ги уважуваш неговите мислења и идеи, колку и тие да звучат глупаво.

Исто така, мажот мора да мисли дека кога ќе му биде најтешко во тебе ќе најде поддршка, а не прекор. Тоа само ќе ви оди во прилог.

Нека знае дека си подготвена со него да претуркаш се’ и дека ќе му се најдеш во неволја бидејќи само така можеш да бидеш сигурна дека истото можеш да го очекуваш за возврат. Не е лошо малку да мслите и на иднината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.