понеделник, 24 април 2017  |  Вести денес: 47

Еве како холандската полиција се справува со турските демонстранти

При немирите се повредени седум лица, вклучувајќи и еден полицаец.

roterdam-640x418

Поврзани вести

Холандската полиција, во текот на ноќта, ги растера демонстрантите, приврзаници на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, од пред турскиот конзулат во Ротердам. Тие протестираа откако на турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Каја ѝ беше оневозможен пристап до тој објект.

Полицијата во холандскиот град Ротердам утринава уапси 12 учесници во демонстрациите одржани пред Турскиот конзулат, откако протестот се претвори во безредија, пренесува БТА.

Полицијата соопшти дека апсењата биле извршени за насилство и прекршување на јавниот ред и оти демонстрантите Турци почнале да ги гаѓаат полицајците со шишиња и камења. Полицијата одговорила со палки и водени топови.

При немирите се повредени седум лица, вклучувајќи и еден полицаец.

Повод за демонстрациите беше одбивањето на холандските власти да дозволат на турската министерка за семејство и социјална политика Фатма Бетјул Сајан Каја да се сретне со граѓани во конзулатот во центарот на Ротердам.

Најчитани вести