Еве како ИСИС заработува 3 милиони долари дневно

Официјални претставници на американската разузнавачка служба минатата недела открија дека Исламската држава, попозната како ИСИС, дневно добива по 3 милиони долари, што ја чини една од најбогатите терористички групи во историјата.

Групата очајно има потреба од пари, како што вели еден официјален американски претставник:

-Водењето калифат не е евтино. ИСИС треба да ги плати, вооружи и нахрани своите бригади. Групата исто така ги наградува семејствата на убиените милитанти со пензија и треба да ги покрие трошоците за раководењето со територијата која ја зазела.

Еве од каде Исламската држава доаѓа до пари:

1.Богати спонзори

Исто како и другите радикални групи и ИСИС на почетокот во голема мера се потпираше на донирани пари од богати симпатизери кои биле искористени за поддршка на сунитските борци во својот револт против сирискиот претседател Башар ал Асад.

Голем дел од собраните финансиски средства доаѓаат од арапските земји од Заливот, каде богатите приватни донатори даваат милиони како помош за исламските борци кои водат борби на турско – сириската граница. Владите на Саудиска Арабија,Катар и Кувајт исто така тајно обезбедуваат милионски суми како помош за радикалните сунитски групи кои се борат против Асад.

Мајкл Стивенс, директор на Кралскиот Обединет институт на услуги во Катар неодамна за „БиБиСи“ изјави дека за разлика од некои приватни донатори кои директно инвестираат во Исламската држава, Владите на земјите од Заливот  ги поддржуваат другите групи како Нусра фронт, Лива ал – Тахид, Арар ал – Шам и Јаиш ал – Исла.

Како и да е некои од овие групи и се придружија на Исламската држава последниве месеци, што значи дека парите кои ги донираат Владите на заливските земји директно одат во рацете на Исламската држава.

Тој исто така додава дека овие донации се само мал дел од парите со кои располага Исламската држава. Во најголем дел тие се финансираат од приходите на територијата која ја контролираат.

2.Грабежи

Откако започна голема офанзива во Ирак во јуни, Исламската држава успеа да заземе територија во Ирак и Сирија со површина колку Велика Британија. Милитантите беа во можност да украдат милиони долари во кеш, разни материјали од банките, како и воена опрема за време на својата кампања.

-Нивните активности поврзани со пари наликуваат на мафијашка организација, вели американски официјален претставник.

-Тие се добро органзиирани, систематски и активностите ги спроведуваат преку заплашување и насилство.

(FILES) -- In this file picture, the sun

3. Криумчарење и даноци

Исламската држава исто така собира даноци во областите кои ги освојува. Советот за надворешни релации проценува дека групата добивала повеќе од 8 милиони долари месечно од малите и големите бизниси дури и пред да го заземе Мосул, вториот град по големина во Ирак.

Се верува дека групата има заработено милионски суми и од нелегална трговија со антиквитети. Во јуни „Гардијан“ објави дека Исламската држава се збогатила најмалку 36 милиони долари само од еден сириски регион од продажба на предмети стари и до 8 илјади години.

4. Нафта

Нафтата се чини дека е најголемиот извор на приходи за Исламската Држава денес. Милитантите пумпаат сурова нафта од околу десетина нафтени полиња кои ги заробија во Сирија и Ирак. Тие или ја продаваат суровата нафта директно или ја испраќаат на мали рафинерии за производство на ниско-квалитетни горива. Таа се транспортира преку стари патишта за шверц преку границата и се продава по ниски цени на црниот пазар во Турција и во помали количини оди за сирискиот режим.

На територијата на Исламската Држава во моментов се произведува помеѓу 25.000 и 40.000 барели нафта на ден, што на црниот пазр се продава за околу 1,2 милиони долари.

Mideast Iraq Islamic State How Strong

5. Киднапирања и трговија со луѓе

Исламската Држава се верува дека направила милиони и од трговијата со луѓе и од изнудувања. Упатени лица за „Асошиејтед прес“ изјавиле дека ИД продава киднапирани жени и деца како робови.

Милитантите, исто така, заработиле милиони од платени откупи од роднините и Владите на некои заложници. Додека САД и Велика Британија јавно кажаа дека одбиваат да платат за ослободување на своите граѓани, неколку европски влади платија милиони за своите киднапирани државјани.
Американски официјални лица неодамна на „Ен-Би-Си“ изјавија дека некои европски земји платиле и седум цифрена сума за откуп.