Еве како изгледа Џон Траволта без перика

Џон Траволта во послениве четири месеци значително оќелави, но досега тоа успешно го прикриваше со перика.

Сепак, деновиве на Редит се појави фотографија на која може да се види како некогашниот заводник изгледа без периката.

Фотографијата била направена во фитнес сала во три часот наутро и на неа се гледаат Траволта и мажот што ја објави снимката, која во меѓувреме е избришана.

Анонимниот маж под фотографијата напишал дека Џон му пришол и го прашувал „дали е женет, дали има деца и што работи во слободно време“, а потоа почнал да раскажува за неговите приватни авиони, за на крај да се согласи на „дискредитирачкото“ селфи.