Еве како Јапонците го решија проблемот со пушење на јавни места

Јапонија без сомнение е многу специфична земја, една од најразвиените во светот која секојдневно не изненадува со своите изуми.

Во Земјата на изгрејсонцето, пушењето е забрането во речиси сите објекти, како и на некои отворени простори.

Продажбата на цигарите е забранета на помлади од 18 години, а од 2008 година во автоматите за продавање цигари морате да ставите специјална картичка која го идентификкува купувачот и неговите години.

Но, угостителите во желба да привлечат што повеќе гости, без разлика дали тие се пушачи или не се сетиле на интересн изум.

Имено, во кафулињата поставени се стаклени ѕвона на чии врвови се наоѓа цевка која работи по принцип на аспиратор и чадот на цигарата го извлекува од просторот. И додека за некои ова е генијален изум, други мислат дека ова не е вистинскиот начин за сузбивање на штетниот чад.