Еве како може да ви украдат пари од кредитни картички

Крадците на пари од банкарски картички се добро запознаени со новите технологии и без многу мака може да ги украдат вашите податоци од платежните и кредитните картички.

Се’ што е потребо е крадецот со RFID читач да биде оддалечен од вас 15 сантиметри. Употребата на овој читач кој ја открива радиофрекфенцијата му овозможува „симнување“ на податоците од вашата картичка додека таа е во вашите раце и навидум е заштитена.

 

ABC7 I- Тимот открил дека овој нов начин на дигитална измама најлесно се применува на т.н. „wave and pay“ картички.

Потребните уреди за спроведување на оваа измама се мошне достапни и може лесно да се најдат на интернет, вели Дејвид Брајан, експерт за безбедност на компанијата „Траствејв“,  пренесува „Дејли меил“.

Ако читачот се наоѓа во границите на дометот за време на плаќањето со споменатите „wave and pay“ кртички читачот автоматски ќе го фати сигналот што го емитува картичката за само неколку секунди. Информациите што читачот ќе ги „собере“ може да се користат со помош на уред што чини помеѓу 300 и 400 долари, што ги копира кредитните картички.