Еве како се нашла мртвата мечка на тротоарот во Подгорица

Претседателот на Управниот одбор на Ловечката организација во Подгорица Драгуљуб Казиќ, денес јавно се извини затоа што застреланата и искасапена мечка неколку часа беше изложена на тротоарот пред кафеаната „Ловец“, пренесува Танјуг.

Тој објаснил дека до тоа дошло поради невнимателноста на инспекторите за лов и шумарство за Подгорица и Црна Гора, кои на тротоарот вршеле увид врз мечката која што по анонимна дојава ја нашле ловочуварите во местото Дормира во кањонот Мораче.

-Сакам да им се извинам на сите минувачи, читатели и гледачи што се запознаени со овој случај преку медиумите. Станува збор за неспретноста на инспекторите, тоа не било вистинското место за да се изврши увид, инспекторите требало работата да ја завршат попрофесионално, порача Казиќ и рече дека досега не се сретнал со ваков случај.

Тој потсетил дека се работи за ловократци, дека мечката е заштитетн вид и дека нивното убивање е забрането со меѓународни конвенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.