Еве како убавото време влијае на нашиот љубовен живот

Конечно го дочекавме убавото време кое со нетрпение го очекуваме. Под дождот време е конечно да ни се случат и некои добри работи. Сонцето дојде, а заедно со него пристигнуваат и новите љубовни приказни, со оглед на тоа што убавото време на позитивен начин го менува нашето љубовничко однесување. Еве како:

На сонце изгледате попривлечно

Општо прифатено мислење е дека луѓето изгледаат поубаво и поатрактивно на сонце, со златест сјај на телото, свежи и насмеани, наместо со сува коса и испукана кожа во зима. Едно истражување потврдува дека ова дефинитивно е точно. Летните фотки изгледаат „посреќно“ и „поздраво“.

Дали сонцето е афродизијак?

Посебна причина да бидете поактивни кога се во прашања состаноците е тоа што летото го зголемува либидото. Особено кај мажите. А, и жените дефинитивно се порасположени за делење на своите телефонски броеви во текот на летните месеци.

Сонцето ги зголемува шансите да запознаете некого

Кога повеќе излегувате поверојатно е дека ќе запознаете некој нов. Ако барате партнер на интернет, излегувањето надвор во текот на летните месеци можеби нема претерано да ве воодушеви. Сепак, според студиите, луѓето почесто водат љубов во текот на летото, токму поради тоа што почесто се опркужени со други луѓе.

Повеќе риби во морето

Фејсбук секогаш знае кога ќе се заљубиме, така што на основа на собраните податоци нивниот тим открива дека најмногу раскинувања се случуваат меѓу мај и јули. Изгледа притисокот што го наметнуваат празниците и искушенијата значи дека врските кои не се многу стабилни не можат да опастанат. А, повеќе риби во морето секогаш се добри вести за самците.

Па така, летото дефинитивно е време кога смееме да се откачиме и да бидеме подготвени за запознавање нови луѓе. Обидете се да се гледате со некој кој инаку не е ваш тип или едноставно излезете меѓу луѓето- никогаш не знаете што може да се случи. Само помислете на сите тие скари, пикници и фестивали. И секако прифатете ги сите покани, од кампување до одење на пијалок после работа.