Еве како ви крадат пари од кредитните картички

Во шопинг центрите и на железничките станици во Лондон во последно време се појави нов вид кражби на пари од банкарските картички. Крадците што се добро запознаени со новите технологии без многу мака може да ги украдат вашите податоци од платежните и кредитните картички, без воопшто да ги допрат.

Се што е потребо е крадецот со RFID читач да биде оддалечен од вас 15 сантиметри. Употребата на овој читач кој ја открива радиофрекфенцијата му овозможува „симнување“ на податоците од вашата картичка додека таа е во вашите раце и навидум е заштитена.

Овој нов начин на дигитална измама најлесно се применува на т.н. „wave and pay“ картички.
Овој нов начин на дигитална измама најлесно се применува на т.н. „wave and pay“ картички.

ABC7 I- Тимот открил дека овој нов начин на дигитална измама најлесно се применува на т.н. „wave and pay“ картички.

Потребните уреди за спроведување на оваа измама се мошне достапни и може лесно да се најдат на интернет, вело Дејвид Брајан, експерт за безбедност на компанијата „Траствејв“, а пренесува „Дејли меил“.

Ако читачот се наоѓа во границите на дометот за време на плаќањето со споменатите „wave and pay“ кртички читачот автоматски ќе го фати сигналот што го емитува картичката за само неколку секунди. Информациите што читачот ќе ги „собере“ може да се користат со помош на уред што чини помеѓу 300 и 400 долари, што ги копира кредитните картички.

Компанијата „Нортон“ истакнува дека годинава дури 70 отсто од кредитните картички биле подложени на овој нов начин на дигитална кражба, па затоа би требало да се внимава.