Еве какво време не очекува неделава

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север во четврток ќе има врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег.

Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. Во петок во утринските часови врнежите постепено ќе престануваат.

Во четврток и во петок ќе дува умерен, повремено силен ветер од северозападен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина над 70 km/h и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.

Дневната температура ќе биде за повеќе од десет степени пониска во однос на денешната.

Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно, но посвежо време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.