Еве какво време не’ очекува викендов

За време на викендот времето ќе биде стабилно, но во сабота се уште со повремено засилен северен ветер.

Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура ќе продолжи постепено да расте.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне.

Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина и над 90 км/час. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Температурата ќе се движи од 17 до 27 степени. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 24 степени.