Македонија

Еве какво време не очекува

Еве какво време не очекува

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со слаб локален снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.

Висина на снежна покривка до 07 часот (во см): 40 во Маврови Анови, 35 Лазарополе, 17 Крушево, 15 Пожаране, 13 Тетово, 12 Виница, 11 Ѓуриште, 10 Прилеп, 8 Охрид, 6 Битола и Тополчани, 4 Скопје-Зајчев Рид, и Кр.Паланка, 3 Берово и Куманово, 2 Штип и 1 во Скопје-Петровец.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во л/м2); 13 Виница, 12 Лазарополе и Пожаране, 9 Маврово, 7 Прилеп, 6 Битола, 5 Крушево и Тетово, 4 Охрид, Претор и Тополчани, 3 Кр.Паланка и Кавадарци, 2 Скопје-З.Рид и Берово, 1 Скопје-Петровец, Струмица и Куманово.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

vremenska