Еве какво време не очекува неделава

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец. Попладне во западните планински предели ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец, а кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Во среда ќе има поизразена нестабилност на места со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во попладневните часови. Во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време  со повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе опадне за околу 7 до 10 степени во споредба со утрешната.

vremenskaaa