Еве кога мажите се каат што имале секс!

Иако на многумина можеби тоа им звучи неверојатно, но и мажите понекогаш можат да зажалат затоа што имале секс.
Најчестата ситуација во која се каат затоа што се впуштиле во сексуален однос е кога ќе ја преминат границата со својата пријателка.

Иако повеќето луѓе тврдат дека не постои пријателство меѓу мажите и жените, а тоа го покажале и многу истражувања, се чини дека сепак има и такви луѓе кои силно се држат до пријателството со личност од спротивниот пол.

Имено, сексот со пријателка за мажите е на првото место кога станува збор за „акција“ поради која ќе зажалат следниот ден.
Меѓутоа, сексуалниот терапевт Џес Брајтон вели дека чувството на вина може да се ублажи доколку се постават одредени правила, како на пример двете страни да се договорат дека тоа нема да им го споменуваат на останатите пријатели и дека нема да се вплеткаат емоции, пишува Men’ s Journal.

На второ место се наоѓа сексот со поранешна девојка или сопругата на најдобриот пријател. Чувството на непријатност останува дури и ако тој пријател дал „зелено светло“ велејќи дека таа воопшто не го интересира.

Сексот со надредена личност на работа е нешто што може да им направи проблем и на девојките и на мажите.

02-mazi-kaenje
За посилниот пол тоа на почетокот е возбудливо искуство, но кога прв пат после сексот со личноста ќе се сретнат на работа, мажот често посакува да не се случела сексуалната авантура.

Незадолжителниот секс обично би требало да им биде „кул“ на мажите, но ретко тој навистина испаѓа секс без обврски, па набрзо почнуваат да пристигнуваат повици, пораки, а со нив и каење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.