Еве кога ви следуваат слободни денови…

Работникот има право на надоместок на платата и за денови кога е отсутен, а според Законот за работни односи му следуваат. Правото на платен одмор до седум работни дена е утврдено заради лични и семејни околности.

Работникот има право на платен одмор до седум работни дена за: склучување на брак (3 дена), склучување брак на дете (2 дена), раѓање или посвојвуање дете ( 2 дена), смрт на сопружник или дете (5 дена), смрт на родител, брат, сестра (2 дена), смрт на родител на сопружник (2 дена), смрт на дедо или баба (1 ден), полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот (до 3 дена),  за елементарни непогоди (до 3 дена).