Еве кои актери требало да ги глумат Фаца и Ејден во серијата „Секс и град“

Дарен Стар, продуцент и автор на серијата „Секс и град“ во интервјуто за „Ентртејмент Викли“ открил информација која ќе ги изненади сите обожаватели на серијата.

Раскажал на кои актери биле првиот избор за улогите на Фаца и Ејдн, мажите кои оставија најголема трага во срцето на кери Бредшо, ликот кој го глумеше Сара Џесика Паркер.

boldvin-faca

Го сакав Алек Болдвин за улогата на Фаца. Меѓутоа кога го запознав Крис Нот помисл дека е совршен. Се сеќавам  кога прв пат ја читаше улогата. Не велам дека Крис навистина беше Фаца, но внесе голем дел од својата личност во улогата, открил Стар.

Втората најголема љубов на романтичната Кери, Ејден Шо, требало да ја толкува американскиот катер Ејден Куин.

ejden-

Прво го сакавме Куин но тој не беше слободен. Го божував Џон Корбет во серијата „Живот на север“ и се заинтересирав што прави тој. Џон едноставно ја имаше онаа искоснак фраерска вибрација, заклучил Дарен.