Еве кои аптеки и здравствени установи ќе работат за велигденските празници

За време на претстојниот празник и продолжен викенд се обезбедува континуирана здравствена заштита на граѓаните преку дежурства во здравствените домови и Службите за итна медицинска помош, како и преку организирани дежурства од матичните лекари, информира Министерството за здравство.

Од Здравствен дом-Скопје информираат дека за празничните денови е обезбедена 24 часовна здравствена  заштита на граѓаните преку 8 дежурни пункта во: Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Чаир, Идадија, Бит Пазар, Ченто, Јане Сандански и Драчево, како и во Службата на Итна медицинска помош, што е редовна воспоставена практика за сите неработни денови, во недела и државен празник. Исто така, во сабота (11.4) е организирано редовно дежурство на специјалистичката служба во поликлиника Букурешт во периодот од 8 до 16 часот, каде ќе се вршат прегледи закажани преку МојТермин, додека за петок и понеделник нема закажано прегледи.

Инаку, во сите општини во државата се обезбедува 24 часовна континуирана здравствена заштита за време на празникот и продолжениот викенд:

Здравствен дом Штип-обезбедува континуирана здравствена заштита на населението во Итната медицинска помош со покриеност од 24 часа.

Здравствен дом Велес-Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување има организирано 24 часовна континуирана здравствена заштита за време на празникот и продолжениот викенд.

Здравствен дом  Куманово -дежурна служба (ноќна амбуланта) ќе работи од 08 до 24 часот, Итната медицинска помош – континуирано од 08 до 20 часот и од 20 до 08 часот, како и Домашна посета од 08 до 20 часот.

Здравствен дом Кочани – Итната медицинска помош за време на престојниот празник (сите денови од петок до понеделник) ќе пружа 24 часовна здравствена заштита со екипи од доктор, сестра и возач. Изготвени се распореди за подготвеност на екипи за повик, а во ноќните часови на располагање на Итната медицинска помош ќе биде обезбедена и дежурна служба при Здравствениот дом.

Здравствен дом Струмица – организирани се дежурства во амбулантата на Итна медицинска помош во Струмица и во Ново Село за пружење здравствена заштита на населението од општина Струмица , Василево Босилово и Ново Село.

Здравствен дом Гевгелија-организира здравствена заштита во Стар Дојран и тоа: од петок до понеделник  во периодот од 09 до 21 часот во амбулантата која се наоѓа во Стар Дојран.

Здравствен дом Валандово- Службата за ИМП ќе функционира како и во другите денови, односно во текот на 24 часовно работно време (дежурство), и ќе бидат организирани дежурства по укажана потреба.

Здравствен дом Битола -организирана и континуирана здравствена заштита преку Службата за Итна медицинска помош,во смени од 8 часови, во тек на 24 часа.

Здравствен дом Прилеп – функционира Службата за Итна медицинска помош со 24 часовно работно време во тек на викенд и државни празници.

Здравствен дом Крушево-обезбедува континуирана здравствена заштита на населението во тек на 24 часа.

Здравствен до Ресен –обезбедува континуирана здравстевна заштита во сите денови во тек на 24 часа.

Здравствен дом Демир Хисар – Службата за итна медицинска помош ќе работи континуирано 24 часа.

Здравствен дом Кавадарци – Службата за Итна медицинска помош ќе работи 24 часа, како и амбулантата на ИМП, која функционира 24 часа во денот.

Здравствен дом Неготино-организирана континуирана здравствена заштита преку службата за Итна медицинска помош.

Здравствен дом Кратово – Службата за итна медицинска помош е организирана 24 часа, а по потреба се повикува наредната дежурна екипа.

Здравствен Дом Охрид за деновите на празникот и продолжениот викенд, својата работа ја организира преку Службата за итна медицинска помош и домашно лекување за што има обезбедено медицински екипи 24 часа дневно. Службата за итна стоматолошка помош работи секој ден од 20 часот до 7 часот наредниот ден.

Здравствен дом Тетово-дежурна служба ќе работи од петок до недела, а во понеделнилник ќе работи итната медицинска помош и биохемиската лабораторија. Дежурна екипа ќе работи и во ургентната стоматологија.

Здравствен Дом-Дебар – организирани дежурства во Дебар и во Центар Жупа. Воедно работи и Службата за Итна медицинска помош. За време на празникот се реализираат 24 часовни дежурства во Здравствениот дом, Службата за итна медицинска помош и Дежурните служби во Дебар и Центар Жупа.

Здравствен дом Ростуше – во периодот од 7 до 15 часот сите служби ќе работат како и секој работен ден. Во понеделник (14 .04.) е организирано непрекинато 24 часовна дежурна служба во седиштето на Здравствениот дом, во село Ростуше, а по потреба ќе бидат вклучени и матични лекари со своите тимови.

Здравствена станица Липково – Дежурната служба е организирана со 4 тима во текот на 24 часа.

Здравствен дом Гостивар – Службата за Итна медицинска помош на територијата на општина Гостивар и општина Врапчиште со околните места се опфатени со 24 часовна здраствена заштита.

Здравствен дом Струга – обезбедува 24 часовна континуирана здравствена заштита за овој регион преку Службата за Итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом-Струга.

Здравствен дом Кичево-здравствената заштита на пациентите за време на празникот и продолжениот викенд ќе се спроведува во просториите на ИМП-Кичево во тек на 24 часа, освен во петок (10.04) кога се организирани дежурства од матични лекари од 08 до 20 часот.

Здравствен дом Вевчани-Службата за итна медицинска помош, во седиштето на установата во Вевчани, здравствената заштита ќе се одвива континуирано во текот на 24-часа секој ден. Во амбулантата во с.Лабуништа екипи од итната помош ќе работат од 13 часот по пладне до 24 часот на полноќ секој ден.

Здравствен дом Крива Паланка- организирани се 24 часовни дежурства во болничкиот одел, на Интерно и Хирургија со специјалист од соодветната специјалност. Службата за ИМП е организирано во 24 часовни дежурства. Покрај дежурства и сменска работа е изготвен и распоред за подготвеност на уште еден дежурен тим. Исто така, во сабота (11.04) ќе работат по 8 часа лабораторијата и рендген одделението.

Здравствен дом Берово – Службата за Итна медицинска помош ќе работи сменски со доволен број на  екипи за време на празниците и продолжениот викенд.

Здравствен дом Радовиш има организирано дежурни екипи во Службата за Итна медицинска помош за време на продолжениот викенд и празник.

Здравствен дом Свети Николе за време на празниците  и продолжениот виќенд ќе пружа  здравствената заштита на населението континуирано  24 часа организирана  од страна на ИМП,која работи во три смени. Во тимовите кои работат се вклучени: доктор, медицинска сестра,акушерка и возач. На 11.04.2015г.(сабота), покрај службата за  ИМП, во здравствениот дом-Прва смена ќе работи и биохемиската лабараторија од 07,30 до 15,30 часот. Останатиот персонал е на повик, доколку има потреба од дополнителни ангажирања.

Здравствен дом Пробиштип-во Службата за итна медицинска помош е организирано 3 сменско работење за обезбедување 24 часовна здравствена заштита.

За време на претстојниот празник и продолжен викенд, на територијата на град Скопје ќе работат дежурните аптеки: Зегин-Буњаковец, Еурофарм-Тафталиџе, Виола7-Тобако (Аеродром) и Зегин-МНТ, кои работат 24 часа. И во останатите градови во државата ќе работат дежурни екипи, согласно распоредот објавен на веб страната на Фондот за здравствено осигурување http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=ABC00C359E9DFA4C8FF3179F4C81C4F0.