Еве кои автобуски линии на ЈСП функционираат по скратена траса

Поради обилните врнежи на снег поголем број автобуски линии на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје од изутринава функционираата на скратена траса.

Автобуски линии кои функционираат по скратена траса се:  11Т.Центар – с.Рашче (До пругата Ѓ.П.),- 17А нас. Островска – Касарна Илинден (До Панда), 21 Транспортен Центар – с.Бардовци (Не оди за конак), 47 Т.Центар – с.Љубанци (До Радишани), 47А Т.Центар – с.Љуботен (До обиколница Љуботенски Пат), 55 Т.Центар – с.Арачиново (Пред с. Арачиново), 56 Т.Центар – с.Бојане (До расадник), 56А Т.Центар – с.Копаницa (До подвозник), 58А Т.Центар – с.Добри Дол (До Кисела Вода), Т.Центар – с.Брзовец (До Кисела Вода), 58 Т.Центар – с.Св.Петка (До Кисела Вода), 59 Карпош 3 – Гр. Бутел – К. Бара (До коцката), 60 Т.Центар – Г.Матка (До с.Глумово), 61 Т.Центар – с.Побожје (До Каменолом), 64А Т.Центар – с.Кучково (До с.Волково), 65 Т.Центар – с. Раштак (До с. Стајковци), 65г Стајковци – с.Виниче (До с.Црешево), 67 Т.Центар – с. Зелениково,Н.Село,Страхојадица ( за Н.Село до Зелениково), 68 Т.Центар – с. Сушица (Не оди за с.Винце), 71 Центар- с. Бањани (До с.Мирковци по коцката), 74 Т.Центар – Д. Количани,Г.Количани (До дрвара Драчево), 81 Т.Центар – Чучер – Блаце (До с.Чучер), Транспортен Центар – Милениумски Крст (воопшто не сообраќа).

Од град Скопје информираат дека станува збор за повеќе приградски линии, а во градското подрачје засега нема информации за скратување или прекин на трасите на автобуските линии.