Еве кои делови од Скопје денес ќе бидат без вода

Поради поправка на ППХ ф 80мм на ул. „Неврокопска“  бб населба Црниче , прекинато водоснабдување  ќе  имаат  корисниците   од истата улица.

Прекинот ќе биде од 09.30 часот до санирање на дефектот.

Поради изведување на водоводен приклучок Ф-100мм на ул.Хелсинки 59 населба Тфталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Хелсинки, Нобелова, Виенска и дел од Варшавска од 10:25часот до завршување на приклучокот.

Поради уличен дефект на Ф-400 во Дуќанџик кај Скршена-џамија, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Прохор  Пчински, Славеј Планина а со намален притисок ќе биде ул.Самилова од 10:40часот до санирање на дефектот.