Еве кои музичи ѕвезди ќе настапат на „Пиво фест“

Еве кои музичи ѕвезди ќе настапат на „Пиво фест“

По тринаесетти пат од 16 до 19 јули Прилеп ќе биде местото каде покрај богатата понуда на пиво и скара, посетителите ќе уживаат во изведбите на естрадните забавувачи од разни жанрови  се со цел да се задоволат сите генерациски вкусови. Водители ќе бидат Маријана Стојановска и Жарко Димитриоски.

Во четврток посетителите ќе ги забавуваат Слаткаристика, Љубојна, Саша Коваќевиќ , DJ Славе, Мето, Мартин и Синиша. Во петокот свој настап ќе имаат Radio Activ, ZAA, DNK и Прљаво Казалиште.

Во саботата настапува македонскиот фолк изведувач Наум Петрески, Неда Украден и Оливер Драгоевиќ, додека пак во неделата свои настапи ќе имаат Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин.

И  оваа година нема да изостанат придружни манифестации со кои ќе се анимираат посетителите   во  градот под Марковите Кули, а за авантуристите предвидено е и бесплатно кампување  на Могилата.